Атлетико и порача на Барса: Немате почит кон нас, Гризман не е на продажба!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалскиот клуб Атлетико Мадрид денес се огласи преку официјално соопштение по изјавите на челниците на Барселона дека имале разговори со клупската ѕвезда Антоан Гризман.

Пред неколку дена претседателот на Барселона, Бартомеу не само што не го криеше интерсот за Гризман, туку и потврди дека се во контакт со фудбалерот уште од октомври.

Тоа силно ги налути челниците на Атлетико Мадрид, кој денес преку официјално соопштение испрати порака до Каталонците.

„Изморени сме од нивниот однос, нивниот претседател, фудбалер, и директор, зборуваа за иднината на фудбалер кој има актуелен важечки договор со друг клуб, тоа доволно укажува на тоа дека тие немаат никаква почит кон нас како клуб, би додал и дека сето ова се случува на неколку дена пред нашиот голем меч сезонава, финалето во Лига Европа“, изјави првиот човек на Атлетико Мадрид, Анхел Гил.

„Никогаш не сме преговарале во врска со Гризман, ниту имаме намера да го направиме тоа. Пред неколку дена јас лично, му споделив на претседателот на Барселона дека нашиот играч не е за продажба и ние нема да го продаваме“, додаде Гил.

И додека Атлетико излезе во јавноста со ваков цврст став, во Шпанија медиумите тврдат дека договорот помеѓу Барса и Гризман е веќе постигнат и Каталонците ќе ја активираат откупната клаузула од 100 милиони евра.