Официјално: „Планината“ од Game of Thrones најсилен човек на планетата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кога не е зафатен со сечење глави на коњи, пресекување на луѓе на пола или дробење черепи со голи раце, како „Планината“ од Game of Thrones, Хафпор Јулиус Бјорнсон времето го минува тренирајќи за натпреварите за најсилен човек на светот.

Во тие тренажни процеси, тој своето тело го подложува на екстремни физички подвизи кои се еднакво импресивни како и оние кои ги прикажува на филмското платно – само, помалку гротескни и сосема легални. А оваа недела, неговиот напорен труд, работа и енергија, конечно се исплатија кога, после кревање, влечење и тегнење апсурдно тешки срања, насекаде и цел ден – Бјорнсон конечно беше крунисан со титулата најсилен човек на планетата.

Бјорнсон ги победи останатите 29 натпреварувачи во цел сплет лудо тешки дисциплини, меѓу кои, во еден момент беше принуден во стил на мртво кревање да крене цел џип. Пар часа подоцна, влечеше цел автобус и тоа на два ката.

Бјорнсон стремеше да стане најсилниот човек на светот уште откако во 2009 година почна да се занимава со екстремно кревање товар и одење на натпревари. Оттогаш ја има освоено титулата најсилен човек на Европа, кревајќи поголема тежина од било кој во историјата, и соборувајќи го илјадагодишниот исландски рекорд.