Трансфер на столетието: Го купија за 10 милиони, денес вреди 100!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Бразилскиот репрезентативец Филипе Кутињо е класична „десетка“ каква што секој голем клуб сака да има во својот тим. Меѓутоа, за овој сеуште млад офанзивен фудбалер не одеше се како подмачкано, најмногу поради фактот што неговиот прв европски клуб не беше свесен за потенцијалот кој го поседува ова момче.

Од 1999 до 2008 година настапуваше за младите категории на Васко де Гама, а потоа се пресели во Европа. Милански Интер го купи за само 4 милиони евра, а кога наполни 18 години во 2010 и официјално се пресели на „Џузепе Меаца“.

Во Интер не можеше да го покаже во целост својот потенцијал, можеби затоа што тоа беа турбулентни времиња за „нероаѕурите“. Потоа следеше краткорочна позајмица во Еспањол, па Интер се одлучи да го стави на трансфер листа.

Тогаш се појави Ливерпул и за 10 милиони евра го донесе Кутињо на „Енфилд“. Бразилецот го доби дресот со број 10 – а потоа започнува историјата.

По неколку месеци Кутињо со своите игри ја потисна конкуренцијата и стана незаменлив дел од тимот на Ливерпул. Може да игра на повеќе позиции на средината, има одличен преглед на игра, феноменален дриблинг, постигнува голови, асистира, па затоа навивачите на Ливерпул го нарекуваат „малиот Маѓионичар“.

Минатата и оваа сезона под водство на Јирген Клоп покажува уште поинпресивни партии, па неговата вредност на трансфер пазарот константно расте, а и се поголем е бројот на клубови кои го сакаат во своите редови.

Дали ќе остане запаметен во историјата како најголема грешка на Интер или најдобар трансфер на Ливерпил останува да видиме наредното лето, кога се предвидува дека ќе биде продаден за 100 милиони евра.