Трагичната и мотивирачка животна приказна на Хејвен Шепард


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кога Хејвен Шепард имала само 14 месеци, нејзините родители, кои биле во вонбрачна врска, врзале бомба на нејзиното тело и ја прегрнале во обид за семејно самоубиство во Виетнам.

Тие верувале дека ако не можат да бидат заедно, сите треба да умрат.

И двајцата ги загубиле животите во експлозијата, но девојчето чудесно преживеало иако морале да и ги ампутираат двете нозе под коленото како последица на тешки повреди, пишува Марка.

И покрај се`, таа не ги обвинува. „Тоа е живот што никогаш не сум го живеела, не го паметам“, рече таа неодамна во интервју за списанието „Пипл“. „Ги загубив само нозете, можев да го загубам и животот“, рече таа сега на прес -конференција во Токио. Шепард денес има 18 години и ќе дебитира на Параолимписките игри со натпреварување на 100 метри грбно во категоријата СБ7 и на 200 метри грбно во категоријата СБ8, претставувајќи ги Соединетите држави.

Помалку од шест месеци откако ги загубила биолошките родители, таа била посвоена од Шели и Боб Шепард. Тоа семејство и дало втора шанса во Картагина, Мисури. “Многу сум им благодарен што ме спасија. Ми дадоа се`”, вели таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Haven Shepherd (@havenfaithshepherd)

Таа пораснала таму со четири постари сестри и двајца браќа. „Секогаш се шегував со нив дека сум прекрасно мало девојче и миленичка на мама и тато“, се смее Хејвен.

Хуморот и доброто расположение се нејзините белези. “Секогаш треба да се гледате позитивните работи во животот. Знам дека имав многу лоши околности, но добив втора шанса. Прифатив дека сум сираче и тоа ми го промени животот. Прифатете го она што не можете да го промените и променете го она што можете “, ја објасни таа својата животна филозофија.

Хејвен соработува со фондации кои ги едуцираат децата со попреченост за спорт. “Само сакам да им покажам на луѓето дека луѓето со попреченост се исти како и сите други. Параолимпијците се врвни спортисти кои, случајно, имаат некаква телесна попреченост”, убедена е таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Haven Shepherd (@havenfaithshepherd)

Во базенот, Шепард се чувствува слободна во „бестежинството“ на водата, вели таа. Тренира во базен осум пати неделно, а во тренинзите вклучува кросфит, во кој исто така се натпреварува. Нејзин модел е американската параолимписка пливачка Џесика Лонг, 13-кратна шампионка на Параолимпијадата, на која, како и неа, и биле ампутирани двете нозе.

„Моите цели во Токио се да бидам своја и да се забавувам. Нема да излезам со големи очекувања, бидејќи тие можат да доведат до разочарување”, смета Шепард.

Таа е и манекенка, а нејзиното хоби е сликањето. Сака да ги инспирира луѓето ширум светот, за кои смета дека се премногу оптоварени со физичкиот изглед. Пливачката има работено и за модни куќи како Томи Хилфигер. “Сфатив дека совршено тело не постои. Само неколку луѓе го имаат тој тип на тело и таков начин на живот. Ако погледнете наназад, сите имаме мали испакнатини и отоци и сите сме несовршени”, објаснува таа.