Почнуваат пријавувањата за уписи на македонските факултети


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Денес и утре е пријавувањето на кандидати кои се рангираат според успех од средно и според проверка на знаења и умеења додека само за оние кои се рангираат според успехот од средно пријавувањето е на 31 август и 1 септември.

10 678 е бројката за слободни места за прва година додипломски студии на УКИМ.

На факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во прва година додипломски студии во учебната 2021/2022 година се слободни вкупно 10 678 места од кои 5247 се за редовни студенти кои ќе плаќаат 200 евра членарина.

Останатите, 4366 се за редовни студенти со кофинансирање, а 1065 места за вонредни студенти.