„Политичко смирување“: Заев вели дека не се размислува за карантини оти се очекува бројките поврзани со Ковид-19 да паѓаат


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Премиерот Зоран Заев политички пробува да ја смири јавноста со изјавата дека засега не се разговара за специјални карантини или за посебни ограничувања поради актуелната епидемиолошка состојба во земјава.

-Се надеваме дека бројките кои во последните неколку дена се стабилизираа, ќе почнат да паѓаат, особено ако се придржуваме до мерките и ако внимаваме, истакна Заев.

Во однос на зголемениот број КОВИД случаи, посебно во тетово и Гостивар, Заев рече дека главно се работи за граѓани со хронични болести. Но, тоа што се случува кај нас, додаде, се случува и во регионот и во светот, и според бројките и според смрноста. Ако повеќе се внимава и ако бидеме поодговорни, ситуацијата ќе биде подобра.

-Не би сакал да зборувам подетално од тоа што министерот за здравство и Комисијата го кажуваат, но јас како претседател на Владата кој има обврска да ги следи парамтерите, би рекол дека е добро што последните денови бројките се стабилизираат во Тетово и Гостивар. Тоа значи дека силата на вирусот се намалува, мерките веројатно давата резултат, а и граѓаните повеќе внимаваат, нагласи Заев.