Тортина секој ден, и кога не ти е роденден


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кој вели дека мора денес да ви е роденден за да јадете торта?! Тортата е кралица на десертите и сите ние би си се сладеле со торта секој ден. А и зошто да не?! Чоколадна торта, торта со ореви, овошна торта, торта со карамел, голема торта, мала торта. Чекајте, некој спомна мала торта? Мислите, Тортина?

Тортина стана синоним за мало колаче со мек пандишпан, крем и чоколаден прелив, налик идеално пресечено парче торта.

Тоа е идеален десерт, затоа што ги претставува сите наши омилени вкусови: какао, млеко, јагода и најновиот, какао и портокал. Тортина плус е парчето торта што си го помислувате, а кое можете да си го дозволите во секое време од денот.

Македонскиот бренд Винчини пред 26 години го создаде овој совршено мек и сочен десерт со цел да ни ја направи тортата лесно достапна дури и кога немате роденденски повод или оправдување за да уживате во ваквиот тип на деликатес.

Доколку преферирате овошни вкусови, изберете Тортина плус со крем од јагода или најновото од Винчини – Тортина плус со вкус на портокал. Секако, доколку вашиот избор се млечните вкусови, изберете Тортина плус со млечен крем или какао крем. Сочниот фил на сите вкусови е меѓу две нежни и меки кори за торта кои заедно креираат неповторлив и примамлив вкус и текстура во устата.

На работа изненадете ги колегите со Тортина плус големо пакување со 10 поединиечни тортици, а на излет со пријателите понесете Тортина со вкус на портокал за да се опуштите и уживате во новиот вкус. Во брзите секојдневни движења или семејните прошетки низ парк имајте поединечно практично спакувано парче Тортина со вашиот омилен вкус во чантата.