Тони Крос: „Јас сум просечен роб, Модриќ е фудбалски бог“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тони Крос го даде еден од најголемите комплименти за хрватскиот капитен и еден од клучните играчи на Реал Мадрид, Лука Модриќ.

Играчот за врска на „Кралевите од Мадрид“, Тони Крос, заедно со својот соиграч од шпанскиот гигант беа вброени во најдобриот тим за 2017 година според изборот на ФИФА. Германецот, после гала вечерта во Лондон, беше многу задоволен од доминацијата на Реал на доделувањето на ФИФА признанијата и наградите, но пофалбите кои ги упати до Модриќ беа посебно импресивни.

„Кога би можел да го заменам својот трофеј првак на светот за фудбалските способности од Модриќ, без размислување би го направил тоа. Јас сум просечен роб, Модриќ е фудбалски бог“, без задршка во комплиментите изјави Крос.