Home Шоубизнис Том Џонс е незапирлив – објави нова песна во деветтата деценија од животот

Том Џонс е незапирлив – објави нова песна во деветтата деценија од животот

Иако влезе во деветтата деценија од животот, тоа воопшто не претставува проблем за Том Џонс кога станува збор за неговата музичка кариера.

Славниот пејач пред неколку дена ја објави својата нова песна наречена „Talking Reality Television Blues“, што на некој начин е критика на денешното општество.

За песната е снимен соодветен спот. Она за што обожавателите се согласуваат е дека Џонс зачекорил во друг музички стил кој не е специфичен за него, пренесува „Headliner“.

Фановите сметаат дека новата песна на легендарниот пејач потсетува на песна на групата Радиохед.

„Можеби грешам и мислам дека некој е обожавател на Радиохед”, „Сер Том Џонс не се плаши да влезе во кој било музички жанр. Ми се допаѓа”, се само некои од коментарите на социјалните мрежи.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Ника Тошиќ разочарана од оние што најмногу ги сакаше: Мислевте дека не знам што зборувате зад мојот грб

Ника Тошиќ разочарана Ника Тошиќ се разочарала во оние на кои им верувала и со кои била бл…