Home Шоубизнис Тиркизно „до болка“: Кристалната ледена пештера која ги дразни очите со убавина

Тиркизно „до болка“: Кристалната ледена пештера која ги дразни очите со убавина

Ако островот Исланд е најпознат по нешто, тоа се две работи – глечерите и „тајните“ ледени пештери кои се формирани под нив.

Околу 10 отсто од вкупната површина на Исланд е прекриена со мраз, а островот има и околу 300 глечери. Сокриени под нив се наоѓаат спектакуларни ледени пештери.

Најпозната од нив е Кристлната ледена пештера, која што се наоѓа под Ватнајекидла, најголемиот исландски и еден од најголемите европски глечери. Откриена е во 2007 година од страна на фотографот Ејнар Сигурдсон.

Нејзината внатрешност е целосно сина, поради недостатокот на воздух во мразот. Во неа може да се видат и трагови од петел од вулканските ерупции.

Сезоанта за посета на овие пештери, трае од ноември до март. Не е препорачливо да се шета во нив без водич, кој може да процени дали пештерите во тој момент се безбедни за посета.

Бидејќи глечерите постојано се движат, нови пештери се појавуваат нон стоп, додека старите исчезнуваат.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …