The Rise of Skywalker: Најавно видео за „деветката“ од Star Wars


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Секоја генерација си има легенда. Погледнете го новиот тризер за најновото продолжение од култната филмска франшиза „Star Wars“ познато и како „Star Wars: Episode IX – The Rise of Skywalker“, кој беше објаен на YouTube.

Успешниот режисер и продуцент Џ.Џ. Абрамс е потписник на режијата за деветтото продолжение од култниот серијал од франшизата „Star Wars“.

Абрамс ќе го замени Колијан Тревор, кој минатиот месец го напушти работењето на филмот Star Wars: Episode IX. Освен режијата, Џ.Џ. Абрамс ќе работи и на сценариото заедно со Крис Тери.

Тој е потписник на режијата на филмови како Mission Imposible III, Star Trek и Super 8. Освен тоа, автор е на серијалите како Fringe, Felicity и други.

Премиерата на филмот е закажана за 24 мај, 2019 година, а пред неа ќе биде прикажана осмата епизода Star Wars: The Last Jedi, која во кино салите стигнува на 15 декември, 2017 година.