Home Спорт Тевез донесе шампионска титула за Бока Јуниорс и страсно го бакна Марадона во уста

Тевез донесе шампионска титула за Бока Јуниорс и страсно го бакна Марадона во уста

Фантастичниот напаѓач Карлос Тевез во драматичен финиш на аргентинскиот шампионат за Бока Јуниорс ја донесе 34 титула шампион на Аргентина.

Популарната Бока го стори она што пред десетина дена личеше на невозможно, ја надокнади негативата од три бода во двете последни кола и пред лутиот ривал Ривер Плата стигна до шампионскиот пехар.

Во последното коло на домашен терен Бока со минимални но вредни 1-0 ја доби Химназија и по вториот кикс на Ривер стигна до трофејот.

Ривер Плата со ремијата против Дефенсон односно Атлетико Тукуман ја загуби титулата.

Тевез со голот во 20 минута го реши прашањето на победникот и на Бока и донесе уште една титула во Аргентина.Херојот на триумфот против Химназија, Тевез триумфот вреден шампионски трофеј го прослави со страствен бакнеж во уста со легендарниот Диего Марадона.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …