16 милиони Италијанци во карантин поради коронавирусот – излез од Милано може само со посебна дозвола


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во обид да го спречат понатамошното ширење на епидемијата на коронавирусот, италијанските власти ставија во карантин 16 милиони Италијанци.

Мерките кои ќе траат до 3 април предвидуваат сите жители на Ломбаридија како и на 14 други централни и северни провинции, ќе треба да имаат посебна дозвола за патување. Во местата кои се под карантин спаѓаат и Милано и Венеција кои а како што изјави италијанскиот премиер Џузепе Конте ќе бидат затворени училиштата, спортските сали, музеите, ноќните клубови и други места во целата земја и се досега најрадикалните мерки кои се преземени надвор од Кина.

-Ние сакаме да го гарантираме здравјето на нашите граѓани. Разбираме дека овие мерки ќе наметнат жртви, понекогаш мали, а понекогаш и многу големи, изјави италијанскиот премиер Конте.

Заради состојбите во Италија авиопревозникот кој имаше летови од Македонија ги откажа до 3 април. Бројот на починати во Италија надмина 230 лица, а само во последните 24 часа здравствените власти во Италија пријавиле над 36 нови смртни случаи. Папата Франциск ги откажа сите јавни настапи со цел да избегне да се собираат голем број луѓе. На верниците наместо од прозорецот на плоштадот Свети Петар тој им се обрати преку интернет- преку видео што е еден од ретките случаи во изминатите 66 години.. Во видео обраќањето тој се помоли за сите заразени од корона вирусот.

-Се придружувам на моите браќа епископи во охрабрувањето на верниците кои го живеат овој тежок момент со силата на верата, сигурноста на надежта и добротворните цели, порача папата Франциск.

Поради новиот вирус и згоелемниот број пациенти заразени со коронавирус прогласена е вонредна состојба во државата Њујорк.Гувернерот ја најави вонредната состојба откако бројот на инфицирани со новиот коронавирус во државата Њујорк се искачи на 76, а во истоимениот град беа.

И во регионот се шири корона вирусот. Во Бугарија се регистрирани уште два нови случаи на новиот коронавирус, со што бројот на инфицирани се искачи на четири. Првите регистрирани пациенти беа 27-годишен маж од Плевен и 75-годишна жена од Габрово кои не патувале во странство. Во Бугарија се предпоставува дека првиот заболен е дојден од Грција.Во Грција, синоќа беша потврдени уште 21 нови случаи, со што бројот на заразани во земјата се искачи на 66.

Грчкиот премиер ги разгледува опциите за презема дополнителни мерки. Во кина пак најмалку десет лица загинаа кога се сруши хотел на пет ката кој служеше како карантин за заболените од коронавирус.

Во моментот во хотелот имало 80 лица, од кои девет успеале да избегаат, а другите останале под урнатините. Спасувачите досега извлекле 48 луѓе. Во Австралија се засилува психозата и стравот од ширењето на корона вирусот со масовни пазарења по маркетите на тоалет и други намирници.