Тесна им е Земјата за војни: НАТО ќе ја прогласува вселената за простор за војување


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На самитот кој треба да се одржи на 3. и 4. декември оваа година, НАТО сојузот ќе се обиде да ја прогласи вселената за простор на војување, тврдат четворица високи дипломати, делумно за да му се докаже на американскиот претседател Доналд Трамп дека Алијансата се приспособува на новите можни воени закани.

Одлука со која вселената ќе се прогласи за простор за војување треба да се донесе на самитот на светските лидери на 3. и 4. декември во Лондон. На самитот, на кој ќе учествува и Трамп треба да бидат официјално потврдено дека битките не мора да се водат само на копно, вода, воздух и преку компјутер, туку и во вселената.

Иако земјите на НАТО ги имаат 65 отсто од сите сателити во вселената, комерцијалните кинеските сателити нудат различни услуги, од брз интернет во авиони за следење на проектили и за вооружените сили во оваа област.

Кина развива оружје што може да се користи во вселената и стана првата земја чија сонда минатата година слета на темната страна на Месечината.

Русија исто така е вселенска сила и една од ретките земји што може да лансира сателити во вселената.