Терористички напад во Лондон: Избодени неколку луѓе – напаѓачот егзекутиран (снимки)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Лондонските полициски сили денес убија маж во јужен Лондон кој со нож избоде неколку лица во рамки на инцидентот кој од страна на властите беше прогласен за терористички чин.

Неколку видеа од местото на настанот се објавени на Твитер. На едно, снимено од продавница преку улицата, може да се види како маж лежи на улица додека најмалку двајца вооружени полицајци нишанат кон него од зад полициските автомобили. Полицијата на Твитер соопшти дека нападот е поврзан со тероризам.

„Вооружени полицајци застрелаа маж во Стретам (јужен Лондон). Во овој момент, веруваме дека повеќе луѓе биле прободени со нож. Околностите сè уште се проценуваат, веруваме дека инцидентот е поврзан со тероризам“, напиша полицијата на Твитер.

Полицијата подоцна објави дека човекот што го застрелале е мртов. Мажот со нож влегол во продавница на прометна улица и почнал да прободува луѓе, јави ВВС. Се чини дека потоа излегол од продавницата и прободел жена, веројатно велосипедистка.

Вооружена полиција го огради просторот на главната трговска улица во Стретам, раздвижена станбена населба јужно од реката Темза. Таа ги предупреди граѓаните да се држат подалеку од областа.

Очевидците на социјалните мрежи објавија дека слушнале три истрели нешто по 14 часот по локално време и дека лекарите им помагаат на повредените.

Хеликоптерите ја надлетувале областа и имало повеќе полициски автомобили на околните улици додека местото на нападот било оградено со лента.

Британскиот премиер Борис Џонсон на Твитер напиша:

„Благодарност до сите итни служби што навреме реагираа на овој инцидент во Стретам, кој беше прогласен за терористички чин од страна на полицијата“. „Сочувствувам со оние што се повредени“, додаде тој.