Технолошка револуција: Иновиран апарат кој ќе произведува струја од снег


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Технолошки истражувачки тим од Универзитетот Калифорнија иновираа уред кој ќе произведува струја од снег. „Гаџетот“ е евтин, мал, тенок и флексибилен како пластика, карактеристики кои го прават лесен за употреба.

„Уредот може да работи и во најоддалечените реони поради тоа што осигурува сопствено напојување и не му е потребна батерија. Ова е многу паметна направа, метеоролошка станица која ви кажува колку врне снег, правецот на врнењето на снегот, и брзината на ветерот“, Ричард Кенер, дел од универзитетскиот истражувачки тим од Калифорнија.

Научниците му го дадоа името „снежен трибоелектричен наногенератор“ или снежен ТЕНГ.

Трибоелектричниот наногенератор генерира напон по пат на статичен електрицитет, произведува енергија со размена на електрони.

„Статички електрицитет се појавува при интеракцијата на еден материјал кој ги фаќа електроните и друг кој ги ослободува. Разделете ги набоите и создавата струја суштински од ништо“, објаснува Кенер, кој е професор по хемија и член на Калифорнискиот Институт на нано систем на Универзитетот.

Снегот е позитивно набиен и ослободува електрони, а силиконот е негативно набиен. Кога снегулките ќе дојдат во допир со силиконската површина се произведува напон кој уредот го прифаќа и создава струја.

Околу 30 проценти од Земјата секоја зима е покриен со снег, во тој период соларните панели не функционираат најдобро . Новит уред може да се интегрира во соларните панели и на тој начин да се обезбеди редовна резерва на струја дури и кога паѓа снег.