„Taycan“ – инвестиција од 6 милијарди евра со која Porsche на голема врата влегува во електричната ера


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


6 милијарди евра, 1.200 нововработени, одлична кампања и моделот Taycan се вкупниот инвестициски влог кој го направи автомобилскиот гигант Porsche за на голема врата да влезе во електричната ера на автомобилската индустрија.

Новиот Taycan се напојува со иновативна технологија, поточно литиум-јонската батерија ќе може да се полни за само четири минути.

Процесот на производство на Taycan е јаглеродно неутрален, со идна цел да воспостави целосна фабрика која нема да има влијание врз животната средина.

Исто како Porsche 919 Hybrid, новиот Taycan се напојува со иновативна 800 V технологија. Ова беше една од најважните одлуки за 919, бидејќи нивото на напон ефикасно го поставува курсот за целиот електричен погон: од батеријата,преку изгледот на електрониката и електро моторите, па сè до капацитетот на процесот за полнење.

При усвојувањето на пионерскиот пристап и специјалното развивање на соодветните 800 V компоненти, Porsche ги турна границите на она што е технички изводливо – вклучително и во однос на литиум-јонската батерија со течно ладење. Поради интензивното конкурентско опкружување на мотоспортот, Porsche продолжи да ги развива своите технологии.