Home Вебкафе Татко и син се видоа после 57 години „празнина меѓу нив“

Татко и син се видоа после 57 години „празнина меѓу нив“

Ричард МекКлири пред далечни 57 години последен пат го видел својот син Џими кога тој сè уште бил бебе, а потоа мајка му го дала бебето на посвојување и се изгубила трагата од него.

„Го држев двапати. Во моето срце имаше празнина 57 години”, рече Ричард.

Кога пораснал, Џими решил да се обиде да ги најде своите биолошки родители и направил ДНК-тест не знаејќи дека Ричард го сторил истото. Кога откриле дека се поврзани, се покажало дека таткото и синот живеат на само 30 минути возење далечина, во Јужна Каролина, пренесува ABC News.

По емотивната прва средба, тие одлучиле да поминат некое време заедно, за да се запознаат и да надоместат од изгубеното време.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Нова серија за Селин Дион открива како започна глобалната икона

Животот на една од најголемите музички ѕвезди на сите времиња, Селин Дион, наскоро добива …