Home Актуелно Талибански командант порачува дека еден ден исламскиот закон ќе владее со светот (снимка)

Талибански командант порачува дека еден ден исламскиот закон ќе владее со светот (снимка)

Во обраќање за CNN, талибанскиот командант од Кабул порача дека тие веруваат дека еден ден муџахедините ќе победат, а исламскиот закон ќе владее во целиот свет.

„Наше верување е дека еден ден муџахедините ќе победат. Исламскиот закон ќе владее не само во Авганистан, туку и во целиот свет. Но, ние не се брзаме. Веруваме дека тоа ќе се случи еден ден. Џихадот нема да се откаже до последниот ден“ изјави командантот за Си-Ен-Ен.

Потпаролот на талибанските војски вчера изјави дека според нив војната е завршена и дека тие победиле.

Талибанците ги заземаа најголемите градови во земјата, откако синоќа го освоија и главниот град Кабул.

„Го постигнавме тоа што го сакавме, а тоа е слобода за нашата земја и победа за нашиот народ. Ние сме спремни да разговараме со членовите на земјата и им ја гарантираме потребната заштита“ изјави вчера потпаролот на талибанските групи, Мохамед Наем.

Повеќе од 60 држави им испратија писмо на Талибанците каде од нив бараат слободно да ги пуштат луѓето да ја напуштат државата.

Од земјата се евакуирани повеќе дипломати, а луѓето на аеродромите се уште чекаат за нивно заминување.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…