Тајсон против ајкули (снимка)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бившиот светски шампион во бокс во тешка категорија учествуваше во шоуто на каналот Discovery Channel – „Shark Week“. За промовирање на една од најпопуларните емисии, шефовите на познатата ТВ компанија решија да го доведат Мајк Тајсон и да го обучуваат како да се однесува околу ајкулите.

Дискавери најави голема „борба“ помеѓу Тајсон и големата бела ајкула како дел од серијата научни емисии кои се занимаваат со ајкули.

„Борбата“ на крајот се одржа во три рунди. Во првата рунда Тајсон мораше да се нурне со ајкулите, во втората мораше да ги избегне, а во третата мораше да фати ајкула и да ја задржи на морското дно за да не може да се движи.

Тајсон успеа во сите три предизвици, а каналот Discovery му ја додели победата со „нокаут“ и го прогласи за светски шампион во борба со ајкули.