Нухиу објави дека ги потпишал актите за албански јазик на полициските симболи


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Актуелниот министер за внатрешни работи, Агим Нухиу, на својот Фејсбук профил објави дека се потпишани нормативните акти со кои амблемите на полициските униформи ќе бидат напишани и на албански јазик.

„Ги потпишавме нормативните акти за амблемите на полициските униформи да бидат и на албански јазик. На сообраќајната полиција, граничната полиција, хелихоптерската единица за полициски должности, специјална работна сила“, посочи Нухиу.