„Таа е срам за полицијата“: Полицајка зела боледување, па позирала гола по светот


Топ 10 најголеми фудбалски дербија


Полициската службеничка од станицата Грантам, во Линколншир, Леани Кар минатата година зела седуммесечно боледување од работа, поради насобран стрес на работно место.

Интересното е што во тој временски период против 33-годишната полицајка била поведена дисциплинска постапка поради престап кој се смета за деловна тајна, па за тоа не смеело да се говори во јавност. Во меѓувреме постапката е завршена, а Леани се вратила на своето работно место.

Дури тогаш надлежните почнале да се занимаваат со фотографиите направени во периодот на нејзиното боледување. Освен австријските Алпи, Леани шетала на Тајланд и Кипар. Цело време објавувала секси фотки од својот одмор, а изгледа дека тоа им посметало не некои нејзини колеги кои ја „накодошиле“ кај шефовите.

„Вака не изгледа жена која е под стрес“, тврдат колегите, додавајќи дека освен што ја срами полицијата, разузданата полицајка троши пари од даночните обврзници на луксузни одмори, додека се води дека е на боледување.

Додека нејзината шефица изјавила дека полицајците имаат право на приватен живот, но не смејат да ги кршат стандардите на професијата, таткото од Леани, Греам, изјави дека неговата ќерка е „вредна млада жена која изгледа како модел и има право да го покажува своето тело“.

Додаде дека таа често патува со својот дечко милионер, но за него не сакаше многу да говори и открива.