СЗО предупредува: Светот е во сериозно опасен период заради пандемијата на коронавирусот


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Првиот човек на Светската здравствена организација (СЗО), генералниот директор Тедрос Гебрејесус, предупредува дека светот е во многу опасен период од пандемијата ковид-19, напоменувајќи позаразна варијанта на делта сојот е идентификувана во скоро 100 земји.

На прес-конференција, Тедрос рече дека варијантата делта, која за прв пат се најде во Индија, продолжува да се развива и мутира и станува доминантен вирус ковид-19 во многу земји, објави АП.

„Веќе ги повикав лидерите ширум светот да обезбедат до следната година ова време 70% од светската популација да биде вакцинирана”, рече Тедрос, додавајќи дека ова ефективно ќе стави крај на акутната фаза на пандемијата.

Тедрос посочи дека веќе се распределени три милијарди дози од вакцината и дека е во колективна моќ на неколку земји да ја зајакнат и обезбедат дистрибуција на вакцините.

СЗО инаку проценува дека за имунизација на светот се потребни 11 милијарди дози.