СЗО алармира: Индискиот сој на коронавирус лоциран во 44 земји


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Варијантата Б.1.617, која првпат се појави во Индија во октомври, е откриена во 44 земји во сите шест региони на Светската здравствена организација, соопшти СЗО, додавајќи дека мутациите што ги носи се „загрижувачки“.

„Исто така СЗО доби извештаи дека е откриен во пет дополнителни земји“, се вели во неделниот епидемиолошки извештај за пандемијата.

По Индија, најголем број од оваа варијанта на вирусот е забележан во Велика Британија.

Во Индија, околу 4.000 луѓе умираат дневно во последните неколку дена од ковид-19, а вкупниот број на смртни случаи премина 250.000.

Варијантите се сметаат за поопасни од оригиналниот вид на вирусот, бидејќи се или попреносливи, или попогубни или ја победуваат заштитата обезбедена од вакцините.

СЗО во средата објасни дека Б.1.617 е додаден на списокот затоа што се чини дека е попренослив од оригиналниот вирус, на што укажува „рапидното зголемување на преваленцата во повеќе земји“.

СЗО соопшти дека ширењето на Б.1.617, покрај другите попреносливи варијанти, се чини дека е еден од неколкуте фактори што го предизвикаа драматичниот наплив на нови случаи и смртни случаи во Индија.