Home Актуелно Светот ја испраќа старата и ја пречекува Новата 2018

Светот ја испраќа старата и ја пречекува Новата 2018

Милиони луѓе во светот на плоштадите во своите градови, во туристичките центри, во кафеани, ресторани, пабови или во семејна атмосфера во домовите, ќе ја испратат 2017 и ќе ја пречекаат Новата 2018 година.

Град Скопје оваа година нема да има традиционална новогодишна прослава, а планираните средства за организирање на пречекот, ќе бидат донирани за социјални цели.

Во организација на општина Центар, на сквер „Јадран“ ќе има новогодишна прослава под мотото „Нова Година-нови насмевки“. Напладне ќе биде организиран новогодишен турнир во шах, а од 21 часот започнува музичката програма со Некст Тајм, Ај Кју, Тамара и Кристина Арнаудова.

Прославата ќе има хуманитарен карактер и средствата ќе бидат наменети за 16-годишно момче кому му е потребна итна операција за пресадување на коскена срцевина во Италија.

Новата 2018 година први ќе ја пречекаат жителите на тихоокеанските острови Тонга, Кирибати и Самоа. Последни ќе ја испратат 2016 жителите на Американска Самоа.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…