Фото: Премиерот Заев на пријателска вечера со Бутарис


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


На својот официјален фејсбук профил премиерот Зоран Заев кој е во неофицијална посета на Солун објави фотографија на која е во друштво на солунскиот градоначалник, Јанис Бутарис.

„Солун прекрасен како и секогаш, пријателски град од соседна Грција. На заедничка вечера со градоначалникот Бутарис разговараме за нештата кои нѐ поврзуваат, во позитивна атмосфера. Му се заблагодарив на гостопримството и ги споделивме очекувањата за успешна 2018 година“, стои во текстот со кој е пропратена фотографијата објавена на фејсбук.

Оваа средба и посета на Солун беше претходно најавена. Портпаролот на македонската влада, Миле Бошњановски, рече дека премиерот Заев за новогодишните празници ќе оди во Грција на покана на солунскиот градоначалник.

Сепак по однос на ова прашање и Бутарис имаше, своја, малку поинаква верзија. Тој за грчките медиуми изјави дека не го повикал Заев, туку македонскиот премиер сам се поканил.