Home Шоубизнис Цеца го очекува најмладиот внук: Анастасија и Немања планираат семејна посета на Белград

Цеца го очекува најмладиот внук: Анастасија и Немања планираат семејна посета на Белград

Анастасија Ражнатовиќ и нејзиниот сопруг Немања Гудељ планираат да допатуваат во Србија со синот Илијан. Посетата би можела да биде особено емотивна, бидејќи малечкото првпат би дошло кај баба Цеца во Белград.

Според пишувањата на српските медиуми, семејството се очекува во главниот град околу 19 декември, кога Ражнатовиќи традиционално ја слават куќната слава Свети Никола. Можно е да пристигнат и неколку дена порано, доколку им го дозволат обврските на Анастасија и Немања.

Анастасија

За Цеца оваа посета би имала посебно значење. Мајката на Анастасија е многу приврзана за семејството, па можноста во својот дом да ги пречека ќерката, зетот и најмладиот внук би ѝ донела голема радост.

Според извор што зборувал за „Курир“, организацијата на патувањето во голема мера зависи од професионалните обврски на Немања.

Цеца им придава голема важност на значајните семејни датуми, а за куќната слава во својот дом ги собира најблиските роднини и пријатели. Пејачката веќе ја посетила ќерка си, а сега се очекува Анастасија со сопругот и синот да дојде кај брат ѝ Вељко и неговото семејство.

„Ако сè се одвива според планот, ќе дојдат во декември, за славата. Доколку успеат порано да се организираат, посетата ќе биде и пред тоа“, навел изворот.

Анастасија Ражнатовиќ

Малиот Илијан е роден на 15 јули во Севилја, каде што живеат неговите родители. Патувањето во Белград би било негова прва можност да го посети семејниот дом на Ражнатовиќи и да помине време со најблиските.

Особено се очекува средбата со баба Цеца, која ќе може да ужива во времето поминато со уште еден внук.

Анастасија и Немања засега јавно не ги соопштиле плановите за доаѓањето. Сепак, ако сè се одвива според очекувањата, за Свети Никола семејството би можело да се собере речиси во полн состав.

Анастасија Ражнатовиќ

Бидејќи работните и приватните обврски често ги носат членовите на семејството на различни адреси, ваквите собирања им се особено значајни. Претстојниот декември за Ражнатовиќи би можел да помине во знакот на семејната радост, празничните обичаи и првото запознавање на најмладиот член со традицијата што ја негуваат со години.


Извор: Story.rs

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

„Големи мали лаги“ почна со снимање на третата сезона, но само за еден ден — еве зошто

Третата сезона на серијата на ХБО имаше само еден снимачки ден за да се задржи одобреното …