Судењето за „Рекет“ заврши за Кичеец – судот ќе ја издвои постапката за него


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Откако еден од тројцата обвинети во судскиот случај „Рекет“, Зоран Милевски Кичеец, категорично призна вина за кривичните дела за кои го гони Обвинителството во случајот „Рекет“, судот за него треба да ја издвои постапката од онаа за останатите двајца обвинети, Катица Јанева и Бојан Јовановски, кои тврдеа дека не се виновни.

По признавањето вина од Кичеец судот ќе треба да донесе одлука за тоа каква казна ќе му биде изречена на овој обвинет.

Во „Рекет“ ќе останат Катица Јанева и Бојан Јовановски, кои рекоа дека не чувствуваат вина за оваа постапка.

Кичеец прв беше пуштен од притвор во куќен притвор. Тој во моментов е пред судницата со полициска придружба, бидејќи по признанието веќе ќе биде во нов предмет.