Home Актуелно Судење за „Рекет“: Кичеец призна вина, Катица и Боки 13 не се чувствуваат виновни

Судење за „Рекет“: Кичеец призна вина, Катица и Боки 13 не се чувствуваат виновни

На прашање од судијката која го води судскиот процес за случајот „Рекет“ дали чувствува вина за кривичните дела за кои го гони Обвинителството во оваа постапка, еден од тројцата обвинети во случајот, Зоран Милевски Кичеец пред судот категорично одговори: „Да, чувствувам вина“.

По ова беше прашан дали е свесен за последиците што ќе следуваат по ова признание на вина, како и дали некој му правел притисок.

Милевски одговори: „Свесен сум за последиците и признанието го давам свесно без присила од никого.“

Признанието на обвинетиот ги изненади сите во судницата.

Пред него обвинетиот Бојан Јовановски и обвинетата Катица Јанева рекоа дека не чувствуваат вина за постапката за случајот „Рекет“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…