Home Вебкафе Судбината на Манприт Синх, 23-годишното момче со тело од бебе

Судбината на Манприт Синх, 23-годишното момче со тело од бебе

Манприт Синх од Хисар, Индија, е 23-годишно момче кое, поради мистериозна болест, е „заробено“ во тело на бебе, па поради тоа жителите го гледаат како реинкарнација на Бог. Синх тежи само 5 килограми иако е роден во 1995 година.

Тој се родил здрав, но престанал да се развива откако наполнил 1 година, пред да почне да оди и да говори. Сега го чуваат како бебе неговиот чичко и тетка.

Неговото семејство никогаш не добило објаснување зошто престанал да се развива во толку рана возраст, а локалните доктори претпоставуваат дека се работи за хормонален дисбаланс.

Научниците сметаат дека Манприт има Ларонов Синдром, ретко генетско заболување, но никој не може со сигурност тоа да го потврди, бидејќи семејството на момчето не може да си го дозволи тоа истражување кое чини околу 5.000 фунти.

Чичкото на ова дете вели дека тој се смее како дете и ретко кога е тажен. Плаче само кога ќе слушне некое животно, на пример куче, а инаку е многу дружељубив. Негоата тетка вели дека научил да „говори“ преку знаци, па кога имаат гости гестикулира и се дружи со нив.

„Го пративме неколку пати кај неговите родители, но не сакаше да остане со нив. Кога е таму не јаде и плаче цело време. Но, кога ќе се врати кај нас, повторно е весело дете. Оваа мала радост ја сакаме толку, што од помислата да не е со нас ми доаѓа да заплачам“, раскажала тетката.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Маса за една личност: Зошто вистинското уживање е да јадеш сама во ресторан?

Од општествена осуда до вистинско уживање во времето на самотија Сѐ почесто, психолозите и…