„Стритфајтери“ од реалноста: Од улични тепачи до ММА ѕвезди


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поголемиот дел од спортистите кои се занимаваа со боречки вештини не спаѓаат во личности кои би можеле да ги видиме во некоја улична тепачка, тоа се луѓе кои немаат потреба да се докажуваат.

ММА борците својата енергија ја трошат на тренинзите, на целосно друга страна се нескротливите улични насилници кои обично својата „кариера“ ја завршуваат зад решетки.

Меѓутоа постои и мала бројка на борци кои се комбинација од овие два света. Се работи за улични борци кои успеале да се „легализираат“ во она што се најдобри и подоцна да стана ММА Ѕвезди.

Еди Алаварез

Кога влезе во светот на ММА натпреварувањето, Еди Алварез како што кажува и самиот зад себе имал околу 100 борби на улиците во Филаделфија. На врвот во УФЦ своевремено се искачи нокаутирајќи го Рафаел дос Ањос.

Жорге Масвидал

Масвидал е уште еден типичен пример на уличен борз кој се сврти на мешаните боречки вештини и каде што подоцна стигна и до елитното ниво. На интернет и понатаму можат да се пронајдат снимки од неговите улични борби каде што е препознатлив по долгата коса.

Ли Мареј

„Молњата“ Ли Мареј е една од најконтроверзните личности во ММА светот. Легендарната приказна за него се случила на улиците во Лондон каде што во улична борба го нокаутирал Тито Ортиз кој тогаш беше на врвот од својата натпреварувачка кариера, но беше и многу поголем од Мареј. За каков тип се работи доволно зборува податокот дека во овие моменти се наоѓа на издржување затворска казна поради учество во еден од најголемите грабежи на банка во историјата на Обединетото кралство.

Тенк Абот

Тенк Абот беше единствен пример кој едноставно го сакаа сите љубители на ММА кои овој боречки спорт го следеа од самиот почеток. Станува збор за личност кој пред влегувањето во УФЦ имал повеќе од 100 улични борби и личност која во тие борби остварила голем успех против високо рангирани ММА борци.

Кимбо Слајс

Најдобар и далеку најпознат пример за конверзија на уличен борец во ММА натпреварувач. Тој стана ѕвезда благодарение на снимките објавени на интернет. Иако никогаш не стигна до нивото на самата елита која се бори за шампионските појаси, неверојатен успех е самиот факт дека Слајс практично од улица успеа директно да дојде во УФЦ, институција каде што за членство сонуваат сите ММА борци во светот.