Стравично паѓање на славното семејство циркуски акробати (видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Семејството Валенда во светот на циркусот е едно од најпознатите акробатски семејства кое изведува вратоломни и импресивни акробатски вештини кои ја импресионираат и восхитуваат публиката.

Осуммина акробати, дел од ова познато и славно циркуско семејство ја направија првата пирамида на трапез, но потоа настана вистински хаос кога акробатите почнаа да паѓаат од голема висина за време на изведувањето на точката. За среќа, оваа немила случка заврши без посериозни последици по акробатите.

Оваа акробатска несреќа се случила во февруари во 2015 година во американскиот град Сарасота на Флорида, но дури овие денови јавноста ја виде истата која беше споделена на интернет. Снимката ја објавија од канцеларијата на шерифот на округот.

Во видеото може да се види како осум членови од семејството Валенда, познати по ризичните циркуски точки , откако ќе направат пирамида на трапез паѓаат од височина од 7 метри директно на земја.

За среќа при падот ниту еден од акробатите од семејството Валенда не добил сериозна повреда.