Старт од соништата: Лукаку подобар од Боби Чарлтон и Руни!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку постигна 10 гола во првите десет настапи за Манчестер Јунајтед што е најдобар старт за некој фудбалер во историјата на „црвените ѓаволи“.

Лукаку во шест настапи во првенството постигна шест голови, во два настапи во Лигата на шампионите постигна 3 погодоци, а беше стрелец и во Суперкупот против Реал Мадрид.

Досега најдобар старт имаше легендарниот Боби Чарлтон, кој во 1956 година во првите девет настапи за клубот од „Олд Трафорд“ постигна 9 погодоци, додека Холанѓанецот Робин Ван Перси во 2012 постигна седум погодоци во девет настапи.

„Лукаку е скромен и има огромна желба да учи. Сака да напредува и неговата амбиција е огромна. Неговите бројки оваа сезона се импресивни“, истакна Жозе Мурињо.

На претходникот на Лукаку, Златан Ибрахимовиќ, му беа потребни 20 натпревари за да дојде до бројката од 10 постигнати погодоци, додека пак на Ентони Марсијал дури 31 натпревари за да постигна десет гола.

Најдобриот стрелец во историјата на Манчестер Јунајтед Вејн Руни успеа да постигне 6 погодоци во првите 10 настапи.