Баерн го избра наследникот на Анчелоти и ги изненади сите


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бившиот тренер на Борусија Дортмунд, Томас Тухел е главен фаворот за наследник на Карло Анчелоти на клупата на Баерн Минхен.

Италијанскиот стратег вчера доби отказ поради катастрофалниот пораз од Пари Сент Жермен во Лигата на шампиони.

Викендов Баерн од клупата против Херта ќе го предводи Вили Сањол, но тоа нема да биде долгорочна опција.

После тоа следи репрезентативна пауза кога Баварците би требало да го именуваат новиот тренер, а тоа најверојатно ќе биде Тухел, кој би можел да дебитира на 14-ти октомври против Фрајбург, пренесува „Билд“.

Тухел е без ангажман од крајот на минатата сезона кога ја напушти Борусија Дортмунд.