Среќна, спокојна, бериќетна и незаборавна нова 2019 година


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Она што поминало и останало како случување во 2018 не можеме да го вратиме, ниту да го смениме. Но, можеме ние да се промениме на подобро, да бидеме поблагородни, похумани, подарежливи, посрдечни…да бидеме поспокојни, да им се радуваме повеќе и да ги цениме повеќе малите нешта кои нѝ го исполнуваат и дефинираат секојдневието, деновите нѝ ги прават позабавни, срцето порадосно, мислите поведри, душата посмирена и духот поиздигнат. А големите нешта, случувања, потфати и подвизи да ги кроиме и калиме според аршинот на едноставноста на малите – оти се само умножена концентрација токму на такви, мали нешта.
Да си имате музика во мислите, мир во срцето, светлина во душата и бистрина на духот. Да имате уште едно годишно незаборавно пловење по морињата на животот, со сите мирни води, бранови и бури. Оти тие заедно го прават животот поубав и повозбудлив. И му даваат највисока смисла без која материјалната опстојба и настројба која нѝ е дадена како искуствена шанса на оваа планета нема да биде врвен предизвик.
Среќна нова 2019 година, драги и верни читатели,
срдечно, од редакцијата на Taratur.com