Среде емисија во живо ја подграбна со ножиците, па усрамена се криеше пред камерите (видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Водителот од видеото предизвика бурни реакции откако со ножици го исече фустанот од својата колешка водителка за време на еден ТВ пренос во живо среде бел ден.

Хуан Медио е водител на ТВ шоуто „Попладне овде и сега“, во кое, одеднаш ги изваде ножиците и почна да го сече фустанот од својата колешка ко-водителка Ева Руиз.

Иако тој тврдеше дека тоа е одмазда за местенката која таа претходно му ја направила нему, посрамената водителка мораше да ја крие голотијата пред камерите кои упорно продолжуваа да ја снимаат неа. Медио вели дека „трикот“ со ножиците е освета за претходна „шега“ во која таа му ги исекла неговите панталони кога не сакал да танцува во емисијата.

Но, разликата е во тоа што Ева му ги исече панталоните на Медио кои твој во дадениот момент не ги носеше врз себе.

Додека Медио ги вадеше ножиците и го сечеше фустанот од Руиз, некој од ТВ екипата дотрча да ја покрие водителката, а овој трчаше по неа со ножиците и упорно сечеше.

И додека поголем дел од публиката се забавуваше на тој испад, на некои не им беше баш смешно. Меѓу нив е и политичарката Тереза Родригез која реагираше преку Твитер.

„Што ако нашите деца го видат ова на јавна емисија во Андалузија? Дали ќе мислат дека тоа е смешно и интересно да им го прават на други девојчиња?“

Во меѓувреме ТВ каналот Canal Sur се извини преку социјалните мрежи и го нарече испадот „шега меѓу водителите“. Се огласи и Руиз која го бранеше Медио, тврдејќи дека однапред знаела за шегата и дека немала проблем со истата.