Србите го избркаа, Хрватите љубоморни: Самсоненко во Македонија гради гигант!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Рускиот бизнисмен, Сергеј Самсоненко полека но сигурно од македонскиот клуб Вардар создава клуб за почит во Европа, како во ракометот, така и во фудбалот, но Македонија бил втора опција за рускиот милионер….

Балканските медиуми му завидуваат на Вардар, а најгласен беше хрватски „Индекс“ кој излезе со наслов „Во Србија го одбија, во Русија го чекаат како спасител. Тој е творецот на македонското спортско чудо“.

„Индекс“ раскажува за големиот успех на машкиот ракометен тим кој стигна до титулата Европски шампион, женскиот тим кој стигна до финалето во Лигата на шампионите, но и за фудбалскиот клуб Вардар кој после неколку години пауза направи исчекор во квалификациите за Лигата на шампионите.

Со евентуално елиминирање на Копенхаген, Вардар би ја крунисал фантастичната 2017 година. Имено, доколку македонскиот шампион го елиминира Копенхаген и обезбеди влез во плеј-офот од Лигата на шампионите има обезбеден настап во групната фаза од Лигата на Европа што секако би било најголем успех во поновата историја на македонскиот фудбал.

Најпрво, Самсоненко ги превзмеа машкиот и женскиот ракометен тим, а во 2014 година стана сопственик и на фудбалскиот клуб. Сопственикот на познатите обложувалници „Бет Сити“ потпиша клазула според која се обврза годишно да вложува 1.5 милиони евра, а вложувањата и тоа како се исплатат.

„Индекс“ открива и една интересна приказна веројатно малку позната на македонската јавноста.

Малку недостасуваше Самсоненко никогаш да не заврши во Македонија. Богатиот Русин пред да го избере Вардар имал обид да инвестира во српскиот ракомет. Изборот паднал на женскиот клуб Врњачка Бања, но за наша голема среќа понудата на рускиот милионер не беше прифатена.

Во 2013 година Самсоненко станува сопственик на машкиот и женскиот ракометен тим и тоа беше првиот чекор на Вардар кон градење на шампионски тим. Русинот не чекаше многу, набрзо беше изградена новата спортска сала „Јане Сандански“, а познато е дека Вардар со новиот спортски комплекс има далеку најдобри услови за тренирање во Европа, што беше потврдено и од страна на Лино Червар.

Успехот на Вардар беше забележан и од земјата од каде што доаѓа Самсоненко – Русија. Самсоненко стана еден од главните спонзори на фудбалскиот клуб ЦСКА Москва, но тоа не се, рускиот тајкун од пред неколку дена доби место и во машката репрезентација на Русија каде што беше претставен како нов кординатор и генерален менаџер.

Од доаѓањето на Самсонеко во Вардар ракометните тимови буквално доминираат. Единствена година во која црвно-црните не успеаа да стигнат до титулата во македонското првенство беше сезоната 2013/2014 кога Металург успеа да стигне до шампионската титула.

Иста е и ситуацијата кога е фудбалот во прашање, единствен трофеј на кој Самсоненко се нема израдувано е Купот на Македонија. Но, покрај сите успеси сигурно дека никој нема да му забележи.