Србија понеделнички: Детални инструкции за вибратори во утринска на Пинк (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поради зголемената заинтересираност, популарност и употреба на сексуалните играчи „под чаршафите во спалната соба“ ширум Србија, уредниците на утринската прогама на ТВ Пинк решија вечрашната, понеделничка емисија целосно да ја посветат на сексуалните помагала, поткрепена и со детални инструкции за користење на истите.

Во емисијата гостите се разговараа за тоа како употребата на сексуалните помагала влијае на сексуалноста и дали тоа е табу тема во Србија.

Соговорници беа професорот Александар Милошевиќ, сексологот Данијела Тивосављевиќ, која што воедно е и психијатар и стриптизетата Бранка Блек Роуз.

„Жално е во 21 век сексуалните помагала да бидат табу тема. Морам да напомена дека уште од времето на Хипокрит постојат сексуални помагала, кои тогаш се користеле за лечење на хистерични жени“, рече Бранка Блек Роуз.

Данијела Тивосављевиќ на прашањето како психологијата ги објаснува сексуалните помагала истакна дека сексолозите ги користат нив во работата со пациентите, односно пациентите ги користат кога имаат одредени психосексуални дисфункции.

Стриптизетата Бранка Блек Роуз претстави широка палета на сексуални помагала, од камшици до вибратори со детално објаснување како секој од нив се користи.

Тоа предизвика големи дебати по социјалните мрежи, каде што реакциите беа повеќе негативни.