Спорт

Срам! Македонија на 162-то место зад Танзанија, Белизе и Аруба!

Продолжи слободниот пад на македонската репрезентација на ФИФА ранг листата, па сега сме на 162 место позади репрезентации како Танзанија и Белизе.

Иако верувавме дека го допревме дното и не може полошо, сепак може. Македонија назадуваше цели седум позиции во однос на октомври и сега сме на историски најниското 162 место на ФИФА ранг листата.

Колку е ситуацијата очајна во македонскиот фудбал покажува и фактот што репрезентации како Белизе, Танзанија, Аруба, Кинески Таипеи, Барбадос, Сао Томе и Принсипе, Тахити се пред на табелата.

На врвот во Топ 10 и понатаму лидер е Аргентина која е пред Бразил, па следуваат Германија, Чиле, Белгија, Колумбија, Франција, Португалија и Уругвај.

Advertisements
To Top