Home Актуелно Со даночни олеснувања Трамп ќе се обиде да ги врати Apple во САД

Со даночни олеснувања Трамп ќе се обиде да ги врати Apple во САД

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, обелодени дека телефонски разговарал со извршниот директор на Apple, Тим Кук. Во разговорот му предочил и дека голем успех во неговото претседателствување ќе биде враќањето на фабриките на Apple во САД.

Apple претходно објасни дека враќањето на фабриките назад е многу тешко. Не само што кинеските работници се поевтини, туку се и повешти. Доколку се вратат назад цената на телефоните би можела да достигне 1.500 долари. Сепак Трамп вети даночни олеснувања за компанијата, отстранувања на некои од законите што ќе ја олесни и поевтини изработката на телефони и електроника.

Работната рака во Кина која без сомневање е многу поевтина е само дел од проблемите. Вистинските проблеми ги објави MIT летово. Фабриките во Кина ги склопуваат уредите од компоненти кои се произведени во Кина, Јапонија и Тајван. Цената на компонентите во телефоните на пример за iPhone 6s  е 230 долари, работната рака во кина е помеѓу 4 и 10 долари за телефон, во САД е проценета помеѓу 30 и 40. Во продажба телефонот чини 750 долари.

Ми се јави Тим Кук од Apple, му реков: Тим вистинско достигнување за мене е ако те убедам Apple да изгради голема фабрика во САД или многу големи фабрики во САД, наместо во Кина или Виетнам. Наместо да одите на местата каде што одите, произведувајте ги уредите овде. Ќе ви овозможиме големи даночни олеснувања, ќе мора да отстраниме некои од законите. Законите го прават ова неможно, изјави Трамп.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…