Според Forbes во бившите југословенски републики нема ниту еден милијардер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според статистичките аналитички податоци со кои располага престижниот „Forbes“, на планетарно ниво најмногу милијардери живеат во САД – вкупно 607. Нивниот имот вкупно вреди 3.111 милијарди долари.

Потоа следува Кина со 324 милијардери, кои вкупно се тешки 980 милијарди долари.

Во Европа најмногу милијардери има во Германија (114), со вкупно богатство од 500 милијарди долари. Воедно Германија е и трета во светот по тоа. Русија има 98 милијардери со богатство од 421 милијарди долари.

Обединетото Кралство има 54 милијардери со богатство од 182 милијарди. Французите имаат 41 милијардери, а нивното богатство е околу 330 милијарди долари. Италија има 35 милијардери, Швајцарија и Шведска по 33, Шпанија 29.

Турција има 25 милијардери, Норвешка 15, Холандија и Данска по 10, Ирска и Австрија по 9, а другите европски држави имаат по помалку. Forbes не наведува ниеден богаташ од земјите од поранешна Југославија.

Инаку, Индија има 106 милијардери кои имаат 405 милијарди долари. Во Јужна Америка најмногу милијардери има Бразил, вкупно 58.