Видео: Буенос Аирес на нозе – пристигна Де Роси!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот фудбалер на Рома, Даниеле де Роси денес пристигна во главниот град на Аргентина и наскоро официјално ќе стане играч на славната Бока Јуниорс.

Де Роси пристигна во Буенос Аирес попладнево и имаше вистински делириум на аеродромот каде го пречекаа многу фанови на Бока Јуниорс.

Во текот на денот Де Роси треба да ги мине рутинските лекарски прегледи, а потоа ќе следи негова официјална промоција на славната „Бонбониера“.

Бока Јуниорс на оригинален начин пеку својот Твитер профил го најави доаѓањето на Де Роси.