Home Актуелно Спасувањето на тајландските деца заглавени во пештера ја зеде првата жртва

Спасувањето на тајландските деца заглавени во пештера ја зеде првата жртва

Еден од тајландските спасувачи кои беа дел од спасувачката акција за извлекување на заглавените деца и нивниот тренер од пештерата каде уште се наоѓаат заробени, загина во текот на операцијата за извлекување. Спасувачката акција продолжува без застој и покрај несреќниот настан, пренесуваат тајландските агенции. 

Бившиот припадник на елитната воена единица SEAL, Самарн Понан, кој беше дел од спасувачката мисија во пештерата Там Луанг, почина во четвртокот вечерта за време на неговата акција да постави резервоари со кислород долж рутата за спасување на децата од поплавениот пештерски комплекс.

„Условите во внатрешноста на комплексот се многу тешки. Бидејќи го оставил неговиот резервоар со кислород, на излегување од комплексот Самарн изгубил свест. Неговиот колега се обидел да му пружи прва помош, но не успеал да го одржи во живот. Нема да дозволиме неговата жртва да биде залудна. Продолжуваме понатаму“, вели командирот на воената единица SEAL, адмиралот Апакорн Јуконгкаев за Ројтерс.

Припадниците на спасувачката служба и доброволци се многу погодени од смртта на Самарн, но се одлучни во намерата да ја продолжат акцијата за спасување на децата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…