Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Британката Гилејн Максвел, поранешна соработничка на починатиот финансиер Џефри Епстајн, обвинет за сексуална злоупотреба, е прогласена за виновна од судот во Њујорк за местење и помагање на Епстајн при експлоатација на малолетни девојчиња и се соочува со „децениски затвор”
Судењето траеше еден месец, а четири жени дадоа детали за сексуалната злоупотреба на девојки, од кои некои имале само 14 години, во текот на 90-те и раните 2000-ти во луксузните куќи на Епстајн во Флорида, Њујорк и Ново Мексико.
Поротата расправаше цели пет дена пред да ја прогласи Максвел за виновна за пет од шест точки во обвинението. Епстајн, изврши самоубиство пред почетокот на судењето во 2019 година. За време на судењето, обвинителите повикаа 24 сведоци за да и опишат на поротата како изгледал животот во куќите на Епстајн.
Прикажани се и банкарски податоци од кои може да се види дека Епстајн уплатил 30,7 милиони долари на сметката на Максвел, која со години му била пријателка, извесно време девојка, а подоцна работела за него.
Сепак, во центарот на обвинението беше сведочењето на четири жени кои рекоа дека како многу млади биле жртви на Максвел и Епстајн. Судењата во кои се вклучени Епстајн и Максвел се уште не се завршени. На Максвел треба да и се суди по две точки од обвинението за лажно сведочење.