Сончев петок


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Времето во Македонија денеска, петок, 11. август, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 23 до 32 Целзиусови степена. УВ индексот ќе биде 7.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Следува период на стабилно време со постепен пораст на дневната температура. Ќе дува умерен наместа повремено засилен ветер од северен правец.