Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Три екипи на Итна медицинска помош од Кавадарци интервенирале на местото на тешката сообраќајна несреќа, која се случи утрово, а во која животите ги загубија две лица, а три беа тешко повредени.
Ова за локалната ТВ КТВ го потврил началникот на Итната помош од болницата во градот, д-р Ратко Грков.
Според Грков, кај две лица смртта била констатирана на самото место, а тројцата повредени, откако биле транспортирани во Општата болница во Кавадарци, се префрлени во Клиничкиот центар во Скопје.
„Кај две лица лекарите констатираа смрт на самото место, а тројца повредени беа транспортирани во Општа болница Кавадарци, од каде се препратени во Клиничкиот центар“, информира Грков.
Локалната телевизија на својот фејсбук-профил објави фотографии кои сведочат за страотната несреќа и нејзиниот обем.
Во несреќата, како штои и претходно беше соопштено, учествувале четири автомобили. Како што може да се види од фотографиите, станува збор за две транспортни возила – комбиња и две патнички возила.
Едно од товарните и едно од патничките возила со своите предни делови се наоѓаат надвор од коловозот. На двете страни од коловозот видливи се делови од возилата, како и траги од крв.
Поради сериозните оштетувања на возилата во извелкувањето на повредите инетревнирала и екипа на кавадаречката противпожарна служба.
Сообраќајната несреќа се случи рано утрово, на патот Росоман – Прилеп, во близина на местото викано Камен дол.
Фото: КТВ