Home Спорт Солскјер проговори за иднината на Погба: Не можам да гарантирам ништо!

Солскјер проговори за иднината на Погба: Не можам да гарантирам ништо!

Се погласни се шпекулациите дека Пол Погба на крајот на сезоната ќе го напушти Манчестер Јунајтед и ќе се пресели во Реал Мадрид.

Денес „Скај Спорт“ излезе со информација дека Погба ова лето заедно со Азар готово сигурно ќе се преселат на „Сантиаго Бернабеу“.

И покрај фактот што Французинот игра одлично под водство на Солскјер, сепак донел ваква одлука бидејќи сака да се бори за важни трофеи, а Манчестер Јунајтед може и да не избори пласман во Лигата на шампиони.

Сепак, норвешкиот стратег верува дека и следната сезона ќе го има Погба во својот тим.

„Кога е во прашање фудбалот ништо не е сигурно, но јас мислам дека Погба ќе биде со нас и наредната сезона. Секако, не можете да гарантирате ништо во фудбалот, но ќе кажам, ДА, тој ќе биде тука. Можам да ве осигурам дека тој е одлучен во намерата да успее во Манчестер Јунајтед“, изјави Солскјер.

Солскјер потоа напомена дека нема намера да го менува Де Геа од тимот, иако Шпанецот направи неколку големи грешки во последно време.

„Му верувам на Давид и тој за мене е најдобриот играч на Манчестер Јунајтед во последните шест-седум години. Тој беше неверојатен, а сега минува низ тежок период во својата кариера. Давид ќе биде добро“, изјави Солскјер.

Load More Related Articles
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…