Home Спорт Гатузо заминува: Тројца фаворити за негов наследник!

Гатузо заминува: Тројца фаворити за негов наследник!

Милан загуби од Лацио во полуфиналето на Купот и се наоѓа во лоша форма, па прашање е дали до крајот ќе успее да ја задржи четвртата позиција која води во Лигата на шампиони.

Италијанските медиуми пишуваат дека Гатузо целосно потфрлил на тактички план. Гатузо се одлучи да игра во формација 3-4-3 и неговиот тим беше комплетно надигран и само поради Пепе Реина кој забележи неколку одлични одбрани Милан не беше поразен поубедливо.

Низ медиумите во Италија на големо се пишува дека Гатузо сигурно ќе го напушти Милан, без разлика на исходот на сезоната и дали ќе успее да оствари пласман во ЛШ.

Раководството веќе почна да бара замена за Гатузо, а медиумите пласираа три тренерски имиња. Како прв фаворит за клупата на „росонерите“ во овој момент се истакнува поранешниот стратег на Јувентус, Антонио Конте. Тој е желба на спортскиот директор Леонардо и наскоро „росонерите“ ќе испратат понуда до него.

Паоло Малдини пак инсистира на кормилото да биде доведен Маурицио Сари, кој на крајот на сезоната најверојатно ќе го напушти Челзи и ќе се врати во Италија.

Генералниот директор Иван Газидис како прв „пик“ го има Маурисио Покетино, но тоа е скоро „невозможна мисија“ бидејќи Аргентинецот има договор со Тотенхем.

Во секој случај, италијанските медиуми се сигурни дека еден од споменатите тројца ќе биде нов тренер на Милан следната сезона.

Load More Related Articles
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…