Не му издржа срцето: По три месеци од несреќата почина и таткото од Емилијано Сала


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


По само три месеци откако во авионска несреќа го загуби својот син, фудбалскиот талент Емилијано Сала, почина и неговиот татко Хорацио Сала. Смртта настапила како последица од срцев удар кој го доживеал во текот на ноќта.

Оваа вест за медиумите ја потврди, Хулио Мулер, локални политичар кој изјави: „2019 не престанува да не шокира сите во овој град. Во пет часот наутро неговата сопруга беше многу вознемирена. Докторите беа таму, но кога стигнав Хорацио веќе го изгуби животот“, додаде Мулер.

Емилијано Сала трагично почина во несреќата со авионот со кој леташе од Нант кон Кардиф на 21-ви јануари. После приватната потрага од две недели авионот беше пронајден на дното од англискиот канал. Обдукцијата покажа дека Сала починал поради тешки повреди на главата.

Погребот беше одржан во неговиот роден град Санта Де и на истиот присуствуваа повеќе од 3.000 познаници и фанови на Сала.

Сега после само три месеци откако се поздравуваа со Емилијано, семејството Сала сега со тешко срце ќе мора да се прости од уште еден член на нивното семејство.