Солари го исфрли од тимот бидејќи е дебел, па Иско се соблече на Инстаграм (фото)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанскиот репрезентативец Иско во последно време е во центарот на вниманието бидејќи тренерот Солари не смета на него во Реал Мадрид.

Откако Лопетеги го напушти кормилото, Иско го загуби местото во стартниот тим, а капката која ја прели чашата се случи против Рома кога плејмејкерот заврши на трибините.

Во шпанските медиуми се појавија информации дека Солари го предупредил Иско дека мора да го реши проблемот со вишокот килограми и дека дури тогаш ќе се врати во тимот.

Иско очигледно верува дека нема таков проблем, па одлучи своето голо тело да го покаже на Инстаграм и ги праша фановите: „Дали сум дебел?“